«

»

Dec 05

Градоначалникот на Новаци- нов претседател на Комисијата за рурален развој, при ЗЕЛС

DSC_26081

Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци, е новиот претседател на Комисијата за рурален развој, при ЗЕЛС. Новиот избор беше направен на конститутивната седница на Комисијата, што се одржа на 17 ноември, 2014 година, во просториите на ЗЕЛС. Присутните членови на комисијата истакнаа дека тој има значаен придонес и во досегашното работење на оваа комисија, како нејзин долгогодишен член и со своите залагања придонел за успешна реализација на низа активности произлезени од досегашното работење на оваа комисија.

„Ова за мене претставува и сатисфакција но и голема обврска ,особено затоа што сум градоначалник на една рурална општина. Оваа обврска ќе ја извршувам најдобро што можам со голема сериозност и професионален пристап““ рече Котевски.

Присутните членови, детално ги разгледаа ревидираните систематизирани ставови на ЗЕЛС за рурален развој, при што направија и нови дополнувања. Беше предложено општините да бараат дел од средствата, добиени од продажбата на државното земјоделско земјиште, што се врши во согласност со Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост. Поточно, беше предложено распределувањето да биде во сооднос 20% за Република Македонија и 80% за општините на чија територија се наоѓа земјиштето, предмет на продажбата. Кога земјоделското земјиште се наоѓа на територијата на повеќе општини, беше предложено, средствата од неговата продажба, да се распределуваат процентуално помеѓу општините.

При експлоатација и регулација на речните корита и суводолиците да постои изготвен план и програма за експлоатација на песок и чакал од надлежната институција, кои ќе бидат усогласени и одобрени од општината, на чија територија е предвидена експлоатацијата, беше вториот предлог за дополнување на систематизираните ставови за рурален развој.

Присутните предложија да се задржи ставот средствата добиени од закупнините на земјоделското земјиште и користењето на пасиштата, како и средствата добиени како надомест од концесија за лов, риболов и сл. да се распределат во сооднос 20% – 80% во корист на општините, со оглед на тоа што со последните измени на Законот за земјоделско земјиште само делумно се интервенира во законската регулатива за земјоделско земјиште.

Членовите на комисијата дискутираа и по предлогот на градоначалникот на општина Карбинци, да се достави иницијатива до МЗШВ, доколку корисниците на субвенции ги немаат подмирено давачките кон општината, да не можат да ги добијат субвенциите и истиот беше оставен за негово понатамошно анализирање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php