«

»

Dec 03

Ден на дрвото во општина Новаци

DSC_7125

Како и секоја година така и оваа и општина Новаци се вклучи во акцијата за пошумување „ Ден на дрвото-засади ја својата иднина“. Работната акција започна во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ каде градоначалникот Лазар Котевски заедно со раководството на училиштето и учениците засадуваа во училишниот двор.

Пошумувањето подоцна продолжи со администативците во дворот на општина Новаци.

„Општина Новаци како и секоја година така и оваа есен се вклучи масовно возасадување на дрвја особено затоа што нас тоа ние навистина потребно со оглед на тоа што РЕК и рудникот се наоѓаат на само неколку километри од Новаци и загадувањето е најприсутно овде. Најпрво засадивме дрва во училишните дворови во сите училишта, потоа овде во општинскиот двор а комуналните работници од ЈКП Комунална хигиена од Новаци во соработка со локалното население,  1500-те  садници колку што имаме на располагање ќе ги засадат на ниво на цела општина“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Освен градоначалникот Котевски, дрво засади и пратеникот од дијаспората Васко Нуамовски.

Оваа есен акцијата „Ден на дрвото“ се организира по 14 ти пат во општиона Новаци се засадија вкупно 1500 чемпреси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php