«

»

Dec 02

Расходите на буџетот – тема на четвртата сесија од Форумот на заедницата во Новаци

DSC_7099

На четвртата форумска сесија која се одржа во општинската сала во Новаци се расправаше за расходите и преостанатите 4 програми од Буџетот на општина Новаци и тоа:јавно осветлување, култура,спорт и рекреација и изградба и реконструкција на локални патишта и улици.

 

„На оваа сесија ќе ги разгледаме расходите на буџетот во неколку области. Граѓаните се многу задоволни и затоа посетеноста е голема, нивните предлози околу 85% се прифатливи, кои ќе ги сместиме во буџетот и ќе почнеме  да ги изведуваме идниот период“ – изјави Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци

 

Форумските сесии во општина Новаци имаат една константна бројка на присутни која се движи во рамките од 80 до 100 редовни жители кои изненадуваат во позитивна смисла од желбата за вклучување при планирањето на буџетот како и конструктивноста на дискусијата и предлозите кои ги даваат.

 

„Ние сме доста задоволни и треба вакви средби да има што почесто затоа што има подобрување во планот на општина Новаци“ – рече Драги Филиповски, дел од работната група.

 

Распределбата на средства околу локалните патишта е она за што жителите на општина Новаци најмногу се интересираат на форумските заедници, истакна градоначалникот Котевски.

 

„Жителите на месното население најмногу се интересираат за распределбата на средства околу локалните патишта. Ние нивните предлози од секое населено место ги прифаќаме, а во наредниот период ќе реализираме два проекти – системи за наводнување преку реката Црна, проект во соработка со ЈП Стрежево, а другиот е парното греење“ – пренесе Котевски.

 

До крајот на годината предвидено е да се одржи уште една петта форумска сесија во која граѓаните  ќе ги гласаат проектите кои ги предложија во рамките на 8-те програми од Буџетот на општина Новаци за 2015 година во изминатите средби. Шестата пследната сесја е планирана за септември следната година кога ќе се резимира што од предложеното е испланирано и колку истото е реализирано.

 

Програмата „Форуми во заедницата-буџетски форум“ се спроведува во соработка на општина Новаци  и ЗЕЛС , а е финансирано од Швајцарската агенција за развој и соработка. Досега во рамките на ЗЕЛС, 57 општини ги имплементирале форумите  како алатка преку која граѓаните го даваат својот придонес во креирањето на програмата за работа на општините.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php