«

»

Nov 26

Ученици од ЦОУ„Гоце Делчев’ од Битола во посета на општина Новаци

DSC_6779

Ученици од деветто одделение од македонска и албанска националност од ЦОУ„Гоце Делчев“ од Битола денеска го посетија градоначалникот Лазар Котевски и општина Новаци.Се запознаа со надлежностите и обврските на првиот човек на локалната самоуправа како и со одделенијата и организационата структура во општина Новаци.

„Ме радува што денеска имам млади гости кои сакаат да се запознаат со работата на градоначалникот,администрацијата и воопшто на една локална самоуправа. Најпрво ги запознав со општите карактеристики на општина Новаци а потоа се разбира за начинот на работа и организационата поставеност. Им одговорив на сите прашања и сето она што ги интересираше .“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Станува збор за еден вид едукативна посета во рамките на изучувањето на предметот Граѓанско образование кој е редовен наставен предмет во деветто одделение.

„Денеска сме гости на гардоначалникот Котевски околу 29 ученици од македонска и албанска националност кои сакаат да ја видат општина Новаци, да се запознаат со администрацијата и нивната работа. На почетокот беа пријавени десет деца но потоа заинтересираноста се зголеми заради добриот глас и успешноста во работата која ја бие општина Новаци.“ рече Амиде Џемал,наставник во ЦОУ Гоце Делчев“ Битола.

Општина Новаци е отворена општина која доста често има љубопитни гости.При крајот на оваа недела ученици од ЦОУ „Славко Лумбарковски“  од Новаци и ученици од Прилеп заедно со Канал Визија од Прилеп ќе ја посетат општината и неколку институци кои работат на нејзина територија.

1 ping

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php