«

»

Nov 25

Се одржа третата форумска сесија во општина Новаци на која се расправаше за расходите

DSC_6727

Расходниот буџет и првите четири програми беа темата на третата сесија од Форумот на заедниците-Буџетски форум во Општина Новаци. Граѓаните и натаму активно се вклучени давајќи ги своите предлози и размислувања за сето она што сметаат дека им е потребно и неопходно да се испланира во Буџетот на општината за 2015 година.

 

„До крајот на годината ќе се одржат уште две сесии во рамки на овој проект. Ова е одличен проект за општините, бидејќи граѓаните од прва рака се запознаваат на кои проекти ќе им се даде приоритет при креирањето на општинскиот буџет за наредната година, да влезат и нивните предлози. Многу од идеите на граѓаните се остварливи и ќе се земат предвид во буџетот за 2015 година. Ние при креирањето на буџетот ги консултираме нашите граѓани и ги земаме во предвид нивните барања и предлози. Тие одат кај нас на разгледување и во голем дел, околу 80-85% се прифатени.“ изјави Лазар Котевски градоначалник на Општина Новаци

 

ЗЕЛС како координатор на програмата Форуми на заедниците, верува дека транспарентноста и вклучувањето на граѓаните при креирањето на програмата се проверена формула за успех на една општина.

 

„Општина Новаци е една од општините која до сега покажува доста добри насоки во однос на овие форумски сесии односно во приоритизацијата на проектите според предлозите на граѓаните.Досега 57 општини ја имаат прифатено оваа програма , го имаат сменето статутот и омаат донесено одлука на совет.“ рече Ирена Николов – претставник  на ЗЕЛС.

 

Граѓаните од Општина Новаци се задоволни од програмата и сакаат активно и масовно да земат учество во  форумот .

 

„Овој форум е многу корисен за граѓаните и тие можат да даваат предлози. Јас предложив да се реализираат проекти од образованието како изградба на градинка и реализација на други проекти од образованието- истакна учесничката во прогрмата,  Оливера Најдовска

 

„Мојот предлог се однесува на фудбалскиот стадион во Новаци, истиот би тебало да се покри е и да добие рефлектори, бидејќи во лето, кога сите сакаат да играат, денње е топло и подобро е да се игра фудбал или други спортови навечер“ рече Томе Раденковиќ – работна група за спорт.

 

Граѓаните најмногу предлози даваат за инфраструктурни проекти, и капитални инвестиции: систем за нaводнувaње, реконструкцијa нa цевководот нa aкумулцијaтa од РЕК, локaлни пaтиштa, итн, посочи грдоначалникот Котевски.
Тој најави дека наскоро ќе започнат со изгрдба на канализациони мрежи во селата: Добромири, Гермијан, Бач, Рибарци, подолгорочни проекти кои ќе се завршат најдоцна за две години

Целта на програмата „Форуми во заедницата – Буџетски форум” е планирање на општинскиот буџет за следната година во консултација со граѓанството во зависност од нивните потреби. Грдаоначалникот Котевски со најава дека ваквата транспарентност при креирање на буџетот ќе ја применуваат и во текот на наредните години.

Програмата „Форуми во заедницата – Буџетски форум “се спроведува во соработка со општина Новаци и ЗЕЛС, а финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

За реализација на проектот “Форуми во заедниците“ свој придонес има и Швајцарската Агенција за развој и соработка. Досега во рамките на ЗЕЛС, 57 општини гиимплементирале форумите  како алатка преку која граѓаните го даваат својот придонес во креирањето на програмата за работа на општините.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php