«

»

Nov 19

Успешна и плодна работа и над стотина деца продефилираа во Центарот „Бамби“ изминатите 10 години

DSC_4695

Центарот за ран детски развој „Бамби“ од Новаци денеска прослави 10 годишен јубилеј.Тоа што како проект на УНИЦЕФ започна скромно, прерасна во една вистинска инситуција со реноме, место каде поголемиот дел од најмладата популација на општина Новаци порасна и ги направи првите контакти со образованието.

„Ме радува што тоа што пред 10 години започна многу скромно прерасна во нешто толку масовно и организирано.Среќен сум што толку многу дечиња поминаа низ Бамби, каде ги направија првите контакти со науката и образованието. Општина Новаци секогаш ги поддржува и ќе ги поддржува ваквите и слични институции со цел на најмладите жители на општина Новаци да им овозможиме квалитетен образовен  процес и можност за социјализација уште од најмали нозе“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

DSC_4611

По повод 10 годишнината од формирањето на „Бамби“ беше подготвена пригодна свеченост збогатена со приредба „Бамби во светот на бајките“ и коктел.Главни актери на детската претстава беа дечињата кои низ годините го посетувале Центарот кои воедно се и членови на Културно иновативниот клуб Новаци.

DSC_4621

„Никој не се надеваше дека Бамби ќе доживее 10-ти роденден со оглед на тоа што беше едне од првите центри во држават кои УНИЦЕФ во соработка со општина Новаци го отвори во селото како една рурална средина.Но благодарение на поддршката на градоначалникот Котевски и други кои донираат и го спонзорираат работењето на Бамби ние денес сите заедно славиме 10 години псотоење.на трој начин завршуваме едн период во кој што стотина деца низ игра и забава поминале дел од своето детство, некои дури и по неколку години. Се надеваме дека поддршка од сите овие фактори ќе добиваме и понатаму и дека повторно сите заедно ќе се собериме и по 10 години заедно да прославиме. “ рече Николина Лозановска,едукатор во центарот за ран детски развој Бамби – Новаци.

Центарот за ран детски развој „Бамби“ во Новаци работи од 2004 година и досега го посетувале над стотина деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php