«

»

Nov 18

Се одржа втората буџетска форумска сесија во општина Новаци

novaci 1

Се одржа втората од вкупно шестте форумски сесии за Буџетскиот форум во општина Новаци, која беше посветена на приходите и можноста за зголемување на општинскиот буџет. До крајот на оваа година ќе се одржат уште три сесии со цел и граѓаните со свои предлози да се вклучат во креирањето на буџетската политика на општина Новаци за 2015 година.

„Идејата е да се слушнат желбите и потребите на граѓаните на општина Новаци и дел од предлозите за кои има можност да се реализираат ќе бидат зем ени во предвид и испланирани во буџетот за 2015 година изјави  Катерина Чукалевска – координатор на програмата“.

На сесијата присутните граѓани се информираа со приходите и расходите кои се составен дел на еден буџет,како истите се реализираат и планираат.

„Денеска ги презентираме  приходите од буџетот и ги разгледуваме можностите на што може да се потрошат планираните средства и како тоа било направено претходната година подетално,аналитички“ вели Оливера  Димитровска- раководител на одделение за финансии во општина Новаци.

На сесијата стана жителите на општина Новаци дадоа доста конструктивни предлози како да се зголемат приходите на општината за 2015 година и на што да се потрошат тие дополнителни средства.

„На сесијата произлегоа интересни предлози како : игротеката да прерасне воградинка, за системот за наводнување, да се отвори канцеларија за консултативна менаџерска куќа, фабрика за конфекција и др. “ вели Миле Мицевски – член на работна група.

Голем е интересот кај граѓаните за учество во програмата на форумските заедници. Предлозите на работните гупи доаѓаат од потребите на населението и сите презентирани предлози се разгледуваат заедно со градоначалникот Лазар Котевски.

Учесниците на форумот позитивно ја оценуваат целата програма, затоа што , како што велат, ова е можност за подобрување на стандардот на населението.

„Ова е за пофалба , оти се слушаат предлозите и мислењата на жителите како на пример за образованието, културата со што би се подобрил и стандардот“ вели  Солунчевска Дијана – член на работна група.

До крајот на оваа година ќе се одржат уште три вакви сесии, а во ноември 2015 година треба да се оджи и последната 6 сесија на која ќе се сумираат резултатите.Програмата „Форуми во заедницата-буџетски форум“ се одржува во соработка на општина Новаци  и ЗЕЛС , а е финансирано од Швајцарската агенција за развој и соработка

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php