«

»

Nov 17

Презентиран извештајот за стратегиската оцена за нацрт планот за управување со отпад во општина Новаци 2014-2019

DSC_4038

Презентиран Извештајот за стратегиска оцена за нацрт планот за управување со отпад во општина Новаци за периодот 2014-2019 година кој по јавната анкета ќе биде доставен во Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ на одобрување.

„Денеска го презентиравме стратешкиот документ на општина Новаци за управување со отпад за периодот 2014-2019 година. На сите присутни им беа поделени анкетни листови за евентуални забелешки или мислења кои можат да ги поднесуваат до крајот на овој месец.Овој нацрт план доби позитивно мислење од МЖСПП затоа што ги содржи сите аспекти за заштита на животната средина,како и економските и социјалните прашања во фазите на планирање и имплементирање на планот. “рече  Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Покрај планираните активности во оваа сфера беа презентирани и анализите на негативните и позитивните влијанија врз подрачјето на општина Новаци.

DSC_4047

„Со овој нацрт план планирано е да се изгради регионална санитарна депонија,постројки за претовар на смет и тоа на пет различни локации, постројка за рециклирање односно сепарација на отпад,постројка за компостирање и локација за одложување на градежен отпад.“ рече м-р Илија Кондински,дипломиран градежен инженер, експерт за стратегиска оцена за животна средина.

Извештајот за статегиска оцена на животната средина ќе биде изложен во општина Новаци  во Одделението за комунални дејности,сообраќај,урбанизам, заштита на животната средина и локален економски развој при општина Новаци секој работен ден од 8 до  15 часот до 29 ноември.Заинтересираните физички и правни лица во овој период  можат да достават мислења во писмена форма во архивата на општината во врска со Стратегиската оцена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php