«

»

Nov 13

Се реновира училиштето во с.Гермијан,Општина Новаци

DSC_3874

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски денеска во посета на село Гермијан каде оствари средба со родителите кои бараат да се отвори Центар за ран детски развој  за нивните дечиња на претшколска возраст во склоп на подрачното училиште.

DSC_3872

„Разговарав со мајките на деца кои се на претшколска возраст кои побараа да се отвори игротека во склоп на училиштето по завршувањето на проектот со подвижната игротека која доаѓа тука два пати  неделно. Исто така ја искористив приликата да го посетам  училиштето и да видам како се одвиваат работите околу промена на старата и дотраена дрвена дограма со нова ПВЦ како и фасадата на училиштето со што ќе се зголеми енергетската ефикасност на овој објект и ќе се намали потрошувачката на енергија за затоплување.“ рече градоначалникот на општина Новаци,Лазар Котевски.

Градежните работи околу училиштето во Гермијан се во тек и вкупната вредност изнесува околу 600 000 денари а опфаќа изградба на цементна кошулица во ходникот, замена на дограма и влезна врата, отворање на нов и преѕидување на старите оџаци,изведба на плафон од гипс картон, поставување на нов под,поправка на постоечката електрична инсталација, монтажќа на нови светилки,бојадисување на простории, реновирање на санитарните јазли и набавка на нови клупи и столчиња.

DSC_3931

Градоначалникот Котевски ја посети и подвижната игротека каде се сретна со гостите од Словачка.Подвижната  игротека доаѓа во село Гермијан два пати неделата по два часа а се реализира во склоп на Проектот за прекугранична соработка со Грција на Високата медицинска школа и ЗГ Лајфстарт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php