«

»

Nov 03

Се пошумува месноста викана Ергела во општина Новаци

DSC_2991

ЕЛЕМ подружница РЕК Битола во соработка со општините Новаци и Битола како и учениците на средното и основното училиште „Јосип Броз Тито“ и „ Коле Канински“ спроведоа акција за пошумување на месноста викана Ергела.

„Денеска ќе бидат посадени 7000 садници багрем додека до крајот на оваа година се планира да бидат засадени 50 000 садници.Ние ја поддржуваме целосно оваа акција и секако ја поздравуваме особено затоа што нашата општина е директно најпогодена од загадувањето на РЕК.Ова треба да послужи за пример и секако да продолжи и понатаму во определена динамика. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Општина Новаци во својата програма на работа има предвидено засадување на заштитен зелен појас во кој ќе биде вклучено и локалното население.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php