Monthly Archive: November 2014

Nov 28

Чистењето на Црна Река-приоритет за заштита од поплави во Новачко поле

Општина Новаци постојано ја следи актуелната состојба со поплавите кои доста често знаат да ги зафатат обработливите површини. Се интервенира на чистење на каналската мрежа  и се преземаат засилени мерки заради најавеното зголемено количество на врнежи во следниот период.

Nov 28

Шеќерната репка се враќа на пелагониските ниви?!

Заменик министер за земјоделство,шумарство и водостопанство на РМ,Ванчо Костадиновски оствари средба со градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски при што одржаа заедничка прес конференција за актуелните состојби со земјоделството и спроведувањето на хидросистемот за наводнување на територијата на новачко поле.

Nov 26

Ученици од ЦОУ„Гоце Делчев’ од Битола во посета на општина Новаци

Ученици од деветто одделение од македонска и албанска националност од ЦОУ„Гоце Делчев“ од Битола денеска го посетија градоначалникот Лазар Котевски и општина Новаци.Се запознаа со надлежностите и обврските на првиот човек на локалната самоуправа како и со одделенијата и организационата структура во општина Новаци.

Nov 25

Се одржа третата форумска сесија во општина Новаци на која се расправаше за расходите

Расходниот буџет и првите четири програми беа темата на третата сесија од Форумот на заедниците-Буџетски форум во Општина Новаци. Граѓаните и натаму активно се вклучени давајќи ги своите предлози и размислувања за сето она што сметаат дека им е потребно и неопходно да се испланира во Буџетот на општината за 2015 година.

Nov 19

Успешна и плодна работа и над стотина деца продефилираа во Центарот „Бамби“ изминатите 10 години

Центарот за ран детски развој „Бамби“ од Новаци денеска прослави 10 годишен јубилеј.Тоа што како проект на УНИЦЕФ започна скромно, прерасна во една вистинска инситуција со реноме, место каде поголемиот дел од најмладата популација на општина Новаци порасна и ги направи првите контакти со образованието.

Nov 18

Советот на општина Новаци ја одржа 25-тата седница

Советниците на Советот на општина Новаци денеска ја одржаа 25 тата редовна седница на која на дневен ред разгледуваа над десеттина точки.

Nov 18

Се одржа втората буџетска форумска сесија во општина Новаци

Се одржа втората од вкупно шестте форумски сесии за Буџетскиот форум во општина Новаци, која беше посветена на приходите и можноста за зголемување на општинскиот буџет. До крајот на оваа година ќе се одржат уште три сесии со цел и граѓаните со свои предлози да се вклучат во креирањето на буџетската политика на општина Новаци …

Continue reading »

Nov 17

Презентиран извештајот за стратегиската оцена за нацрт планот за управување со отпад во општина Новаци 2014-2019

Презентиран Извештајот за стратегиска оцена за нацрт планот за управување со отпад во општина Новаци за периодот 2014-2019 година кој по јавната анкета ќе биде доставен во Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ на одобрување.

Nov 14

Културно уметнички концерт на Новаци и Далмација

Продолжува соработката на двете збратимени општини Новаци и Дуги рат.Овој пат на гости во Новаци дојде културно ументичкото друштво Далмација кое заедно со културно ументичкото друштво Новаци одржаа заеднички концерт на традиционални песни и танци.

Nov 13

Се реновира училиштето во с.Гермијан,Општина Новаци

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски денеска во посета на село Гермијан каде оствари средба со родителите кои бараат да се отвори Центар за ран детски развој  за нивните дечиња на претшколска возраст во склоп на подрачното училиште.

Older posts «

css.php