«

»

Oct 28

Општина Новаци со регионот Долна Нормандија ќе го развиваат меморијалниот туризам

1

Делегација од општина Новаци на покана на АЛДА од 20 до 24 октомври беше во посета на регионот Долна Нормандија со цел децентрилизирана соработка и развој на меморијалниот туризам помеѓу двете земји Македонија и Франција.

На серијата состаноци се зборуваше за спроведените активности во периодот 2013/14 година, презентација на стратешките ориентации за продлабочување на понатамошните активности,воспоставување нови врски и партнерства и запознавање со институционалната рамка на соработката која е основа на билатералната соработка.Програмата на посетата се одвиваше на две локации од кои едната поврзана со историјата на Втората светска војна и истоварувањето на сојузничките трупи на плажите во Долна Нормандија а втората со децентрализираната соработка  помеѓу двата партнери од областа на културното наследство,сеќавање и мир.

3

На ова студиско патување на кое присуствуваа дваесеттина македонски претставници му претходеше официјална средба на институционалните партнери од соработката,Комитњет за стратешко планирање во кое членуваат Регионалниот совет на Долна Нормандија,Министерството за локална самоуправа на РМ,Министерството за надворешни работи на Франција,Асоцијацијата на агенции за локална демократија – АЛДА и Канцеларијата на децентрализирана соработка ДН-МК во Скопје.

6

„Делегација на општина Новаци цела недела беше на студиско патување во Долна Нормандија со цел понатамошни активности и соработка за развивање на т.н меморијален туризам. НПосетата се одвиваше во рамките на соработката со Македонија по повод двата големи историски настани – 70 години од Истоварувањето на сојузничките трупи во Нормандија и 100 години од Првата светска војна во Македонија.На средбите присуствуваа експерти од двете земји кои работат во доменот на вреднувањето и инвентаризација на материјалното и нематеријалното историско наследство со цел да се поттикне дискусија за креирање на политика на локален развој во Македонија,поврзана со Првата светска војна и вреднување на историските локации на т.н „источен фрон“ кој во голема мера се водеше на територијата на општина Новаци. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Претставниците на општина Новаци воспоставија првични контакти со градоначалникот на општина Коломбел,г-динот Марк Потје со кои понатаму ќе се развие соработка на тема меморијален туризам и не е исклучена и можноста за збратимување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php