«

»

Oct 27

Советот на општина Новаци ја одржа 24 -тата седница

IMG_0954

На 24 тата седница на Советот на општина Новаци  се расправаше за дваесеттина точки на дневен ред.Советниците расправата ја започнаа со усвојување на записникот за претходната 23-та седница, а потоа пристапија кон усвојување на тромесечниот извештај за извршување на буџетот за периодот до 30.09.2014, како и предлог одлука за измена и дополнување на буџетот на општина Новаци за 2014 година.

 

Советниците донесоа одлука за отстапување на локалните водоводи во селата: Градешница,Старавина,Будимирци,Зовиќ,Рапеш и Маково на стопанисување на јавното комунално претпријатие „Комунална Хигиена“ од Новаци.

 

Советот на општина Новаци донесе предлог одлука за основање на Совет на млади а отпочна и постапка за промена на Статутот на општината.

 

Беа разгледани и одобрени неколку барања и тоа:на црковниот одбор во с.Живојно за доделување 20 метри кубни бетон за ставање на темели за трпезаријата во манастирот Св.Илија,доделена е еднократна парична помош за направена штета од пожар,за склучување брак со албански државјанки на лица од општина Новаци,доделену му се парични средства на здружение за негување на традиционални вредности „Аманет“, донесена е одлука за донирање на ќебиња во домот за стари лица „Сјуе Рајдер “ во Битола, доделена е парична помош на неколку физички лица по разни основи и сл.

 

Советниците ја разгледаа и усвоија предлог одлуката за утврдување на услови за начинот на градење во село Новаци за кое нема урбанистички план.

 

Следната седница на Советот на општина Новаци е закажана за месец ноември.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php