«

»

Oct 17

Општина Новаци преку буџетски форуми за граѓаните ќе го планира Буџетот за 2015 година

Capture1

Општина Новаци е меѓу десетте општини во Република Македонија заедно Гостивар, Кичево, Струмица, Радовиш, Крива Паланка, Маврово-Ростуша, Студеничани, Илинден и Кавадарци  кои ќе организираат Буџетски форуми во заедниците во периодот 2014/2015 година.Програмата ќе се спроведува согласно термините за креирање на буџетите за наредната фискална година.

„ Буџетските форуми ќе се спроведуваат во шест форумски сесии во чии рамки граѓаните ќе дискутираат за приоритетите за развој на општината, приходите и расходите на буџетот, ќе се избираат најприроритетни буџетски програми, а на последната сесија, што ќе се одржи кон средината на наредната година, градоначалникот ќе даде отчет за прифатените приоритети во текот на буџетскиот форум.Овие форуми се спроведуваат со однапред дефинирана тема – буџет и се организирани во работни маси согласно страните кои се најзасегнати од буџетот и кои се дефинираат според главните општински надлежности, на пр. образование, култура, урбанизам, ЛЕР, итн.“ рече Лазар Котевски ,градоначалник на општина Новаци.

На јавниот повик околу 30-тина општини изразија интерес за учество во Програмата – Форуми на заедницата од кои само 10 ќе го реализираат овој проект.Вкупната вредност на проектот изнесува 825 000 денари.

Право на учество имаа општините во Република Македонија кои претходно учествувале во Програмата со спроведување на кој било вид на форум односно општина Новаци претходно го работеше меѓуопштинскиот форум заедно со општина Могила од што како резултат произлезе ЈКП Пела Хигиена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php