«

»

Oct 17

Земјоделците од пелагонискиот регион на едукација за ИПАРД програмата

DSC_1345

Во салата на општина Новаци беше организирано предавање и советување за ИПАРД програмата 1 и 2,начинот на аплицирање и искористување на овие фондови од сгтрана на претставници од Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство на РМ. На обуката присуствуваа градоначалникот на општина Новаци ,Лазар Котевски, претседателот на сојузот на земјоделци Вељо Тантаров,претседателот на УО на МЗШВ проф.д-р Стевче Пресилски, раководителот на П.Е на МЗШВ во Битола Илија Србиновски и мноштво земјоделци.

„Оваа обука е доста корисна за земјоделците и тоа не само од општина Новаци туку и од целиот регион.ИПАРД програмата е доста корисна бидејќи располага со многу финансиски средства кои нашите земјоделци ќе можат да ги искористат за унапредување на своето зејоделско производство,нивна модернизација и слично.Денеска им беа доделени формулари за аплицирање кои исто така можат да се најдат на веб страната на министерството а им беше објаснет и начино на аплицирање.Обуката беше доста корисна бидејќи се овозможи дискусија а беа поставени многу прашања од страна на земјоделците.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Парите од ИПАРД Програмата се наменети за инвестиции на земјоделските стопанства за преструктурирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската унија, инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктурирање и надградба за достигнување стандардите на ЕУ и диверзификација и развој на руралните економски активности.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php