«

»

Oct 16

Невладината Бит славист донира книги за училиштето во Новаци

DSC_1301

Невладината организација Бит славист донираше шеесеттина книги во општина Новаци со кои ќе се зголеми книжниот фонд во библиотеката во ЦОУ „ Славко Лумбарковски“ во Новаци.

„Им благодариме на претставниците од невладината организација Бит Славист кои денеска ни донираа 60 книги проза и поезија кои ќе бидат дадени во библиотеката во училиштето и во секој случај ќе им бидат добредојдени на дечињата во Новаци.Оваа соработка ќе продолжи и понатаму. “  рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

 

„Денеска дониравме 60 книги во општината кои по препорака на градоначалникот Котевски ќе бидат дадени во библиотеката во основното училиште во Новаци. Оваа акција ќе продолжи и во иднина и може да се развие во друг вид на соработка. “  рече Гордана Петроф,претставник на НВО Бит Славист.

 

Градоначалникот КОтевски посочи  дека оваа акција треба да послужи како пример за другите кои имаат вишок на книги а кои можат да ги донираат за доброто на учениците и нивно пошироко образование и едукација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php