«

»

Oct 15

Формирана Интегрирана мрежа за развој на Пелагониско планинскиот регион

1779890_806592609392996_6573154948901696370_n

Со поддршка на УНДП, Министерството за локална самоуправа и на Центарот за развој на пелагонискиот регион, градоначалниците на  општините Прилеп, Битола, Кривогаштани, Долнени, Ресен, Новаци, Могила, Демир Хисар и Крушево потпишаа договор за формирање на Интегрирана мрежа за регионален развој на Пелагонискиот планински регион.

Целта на ова вмрежување е на сите релевантни институции и други субјекти од регионот, да им се овозможи размена на информации и соработка кои заеднички треба да поттикнат осмислен, координиран и одржлив развој на регионот.

– Општините треба да дејствуваат на зајакнување на развојните приоритети, поттикнување на мали и средни бизниси, максимално користење на постоечките ресурси, насочување на младите луѓе кон професии врз основа на реалните потреби во бизнисот, изјави министерот за локална самоуправа Лирим Шабани, најавувајќи подготовка на нова програма за развој на регионот во наредните пет години.

Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески смета дека овој начин на соработка е добар за искористување на повеќе средства од европските фондови и развој на секоја од општините.

На настанот свое обраќање покрај Лирим Шабани, Министер за локална самоуправа, имаа и Александро Фракасети, Заменик постојан преставник на Програмата за развој на Обединети нации (УНДП), Марјан Ристески, градоначалник на општина Прилеп и Емилиа Ѓероска, раководител на Центарот за развој на Пелагонискиот регион.

„Основна цел на ова вмрежување на општините од пелагонискиот регион е унапредување на постоечката соработка помеѓу чинителите за регионален развој од сите сектори во Пелагонија (бизнис, јавен и невладин) преку воспоставување и администрирање на формално тело за соработка“ вели градоначалникот на општина Новаци,Лазар Котевски.

Потребата за формирање на ова тело се јави од причина што Пелагонискиот регион располага со големи неискористени ресурси, како природни богатства, обработливо земјиште, човечки ресурси, образовни институции, рентабилни бизнис компании и ефикасни граѓански организации, кои плански би се насочиле во неговиот развој. Со заедничка работа и огромна поддршка од страна на општините во регионот, би се создале услови за привлекување на повеќе инвестиции кои со својата работа ќе овозможат овој регион да прерасне во конкурентна бизнис дестинација.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php