«

»

Oct 15

Посета и средба со жителите на селата Добромири и Новаци

DSC_1261

Редовната практика на остварување средби со жителите на населените места кои спаѓаат во општината на градоначалникот на општина Новаци,Лазар Котевски продолжува понатаму. Синоќа разговараше со месното население на Добромири и Новаци.

 

„ Денеска ги посетив Новаци и Добормири, разговарав со месното население, ги слушнав нивните проблеми и потреби и се надевам дека во следниот период дел од најнеопходните ќе бидат решени.Жителите на Добормири побараа да се реши проблемот со појавата на глувци на земјоделските површини,да се тампонираат некои полски патишта, да се постави мост на бетонскиот канал кој врви низ селото, средство за забавување на брзината на сообраќајот пред училиштето, да се доизгради тениското игралиште и соблекувалната, да се ограничи носивоста на тешките товарни возила кои се движат по регионалниот пат Новаци-Добромири.“ рече Котевски

 

По средбата со Добромирчани,градоначалникот Котевски разговараше со неговите сожители од Новаци.

DSC_1281

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php