«

»

Oct 07

Трет координативен македонско-грчки состанок во Новаци

DSC_8950

Општина Новаци беше домаќин на гостите од грчката партнер општина Алмопиа во рамките на третиот координативен состанок во имплементацијата на ИПА проектот за заштита на културното-историско наследство на пограничниот регион „Жива историја, жива природа” .Проектот треба да заврши до крајот на месец декември оваа година а за грчките партнери до април идната година.

„Целта на состанокот е да видиме што имаме постигнато ,што треба да направиме до крајот.Овој проект трае до крајот на месец декември, од грчка страна е пролонгиран до април месец. Ќе ги разгледаме можностите за понатамошна соработка а секако ќе продолжиме да работиме заедно и на продолжението на овој проект „Жива историја,жива природа. Овој проект ќе продолжи и наредните 15 месеци, а политичките бариери во однос на соработката со општините не ни претставува никаква пречка “ рече градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

Првите луѓе на двете општини Новаци и Алмопија најавија наскоро започнување со реализација на продолжението на овој заеднички проект кој ќе трае 15 месеци а ќе биде насочен кон културно историското наследство на Мариовскиот крај.

Градоначалникот на Алмопиа, Димитрис Бинос го искажа своето задоволство од досегашните реализирани активности при што истакна дека проектот ”Жива историја, жива природа” придонесе за реализација на значајни проекти од културно историското наследство на двете општини.

„Општина Алмопиа има околу 40 населени места што е приближно со општина Новаци и поради ваквата поставеност овие две општини имаат многу заеднички карактеристики и затоа соработката треба да се продолжи“ – истакна Димитрис Бинос градоначалникот на општина Алмопиа, Грција. Завршните активности од реализацијата на проектот „Жива историја-жива вода“ ќе се одржат во декември оваа година во општината Алмопиа, кога ќе бидат сумирани сите реализирани активности од проектот кој е поддржан од ИПА програмата за прекугранична соработка.

Со овој проект досега во Новаци е реставрирана куќата на Калеш Анѓа во с. Старавина, мостот и воденицата во с. Зовиќ и црквата Св. Димитрија во с.Градешница, а до крајот на месецот треба да заврши и обележувањето на природната, историска и комбинирана патека од двете страни на границата, по чија должина ќе бидат уредени и неколку излетнички места.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php