«

»

Sep 29

Српска делегација во Новаци

DSC_7223

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски викендов беше домаќин на висока српска делегација предводена од српскиот конзул Силјан Мицевски.На средбата делегацијата беше запознаена со основните карактеристики на општината а беа договорени и насоките за понатамошно делување и соработка особено во делот на заштитата на културно историското наследство од Првата светска војна.

„ Драго ние што денеска имам е гости од Србија тука покрај конзулто Силјан Мицевски, ние е дојден и секретарот за труд и социјала.Разговаравме за одбележување на 100 годишнината од Првата светска војна , за спомен костурницата и другите остатоци кои се наоѓаат на наша територија од овој период .Сито така разговаравме и за изградба на пристапниот пат кој планираме да го реконструираме со средства од ИПА програмата за кој ќе аплицираме заедно со грчаката општина Алмопиа.Овие културни наследства општината секогаш ги одржавала и секако ги реставрирала па со тоа ќе продолжиме и понатаму а е особено значајно за развој на меморијалниот туризам. Исто така имаме одлична соработка со српскиот конзул Мицевски со кој со заеднички сили ќе работиме на овај план.“ рече градоначалникот на општина Новаци,Лазар Котевски.

Република Србија е многу заинтересирана за обновување на светите историски места и нивно доближување до помладите генерации со цел поголема достапност за оддавање соодветна почит за дадената жртва во војниот период, посочи делегацијата од Република Србија.

„Како што знаете српскиот народ на ова подрачје има многу траги од различни историски периоди и тоа Првата светска војна оваа година одбележуваме 100 години,пробивањето на Солунскиот фронти други заеднички битки кои се воделе на овие простори. Со градоначалникот разговаравме за оспособување на тој пристапниот пат кој води до спомен костурницата која се наоѓа на Кајмакчалан а е од особено големо емотивно  и секакво значење за српскиот народ. Ако се направи тоа мислам дека и општината ќе има голема корист затоа што ќе доаѓаат многу луѓе да ја посетат што ќе се претвори во еден вид меморијален туризам.Јас ќе се погрижам во овј проект да се вклучат и други амбасади кои биле вклучени во војната на ова подрачје за да направиме еден заеднички проект и да псотигнеме една заедничка цел.

Општина Новаци беше вклучена во испраќањето помош до граѓаните на Србија кои беа погодени од поплавите за што делегацијата на градоначалникот му врачи Благодарница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php