«

»

Sep 25

Ќе се гради систем за наводнување во општина Новаци

2

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ ќе интервенира со 80 милиони денари за изградба,обнова и рехабилитација  на системи за наводнување во Пелагонија .Таков модерен систем ќе добие и општина Новаци благодарение на визијата и менаџирањето на градоначалникот Лазар Котевски кој идејата ја претвори во акција .

Министерот за земјоделиe во земјава истакна дека државата се фокусира на системите за наводнување како приоритет наложен од климатските промени.

“Оваа година за ХС Стрежево се предвидуваат 80 милиони денари или 1,3 милион евра за обнова односно рехабилитација на системот за наводнување. Тој е еден од поновите најсовремени системи во РМ.Но секако предвидуваме и нови 10 милиони денари средства за нови системи за наводнување во Могила и Новаци на околу 4000 ха површина.Така да за овие системи во 2014 годинасе планирани 10 милиони денари додека следната 2015 планираме овој систем да го завршиме.“ рече министерот за земјоделество на РМ, Михаил Цветков.

Освен за водоснабдување , министерот најави дека до крајот на годината ќе се издвојат 7 милиони денари за чистење на 25 километри каналска мрежа за одводнување. Тендерот за овие активности е веќе завршен и се прават последните подготовки  за спроведување на активноста.

„Ги слушнавме резултатите од спроведената анализа за модернизација и проширување на хидросистемот Стрежево и неговото префрлање на територијата на општина Новаци.Ова е доста значаен проект за земјоделците од новачко поле затоа што се соочуваат со вистински проблеми при наводнувањето на земјоделските површини. УСАИД и Карана корпорацијата ја финансираа изработката на физибилити студијата за изградба на систем за наводнување на општина Новаци при што се запознавме со предностите и проблемите со кои ќе се соочиме при имплементацијата на овој проект.“рече градоначалникот на општина Новаци,Лазар Котевски.

На конференцијата присуствуваше актуелниот министер за земјоделство Михаил Цветков,градоначалниците од пелагонискиот регион, претставници од Управата за водостопанство, УСАИД и ЦРППР.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php