«

»

Sep 25

Монитори од Брисел во општина Новаци

DSC_7139

Во рамките на имплементацијата на ИПА проектот за заштита на културно-историското наследство во општина Новаци „Жива историја,жива природа“,градоначалникот Лазар Котевски и проектниот тим беа домаќини на два независни монитоти од Брисел, г-ѓа Рафаела Паломбела од Италија и г-ѓа Симона Нанеску од Романија.

„Целта на оваа т.н РОМ мисија е независни наблудувачи ангажирани од ЕУ да се запознаат со текот и имплементацијата на ИПА проектот, да ги видат резултатите,видливоста и одржливоста.На самиот почеток се интересираа за општината, за соработката со нашиот грчки партнер општина Алмопиа, како и за проблемите и предизвиците од спроведувањето на прекуграничните проекти.“ рече градоначалникот Лазар Котевски.

Двете независни монитори ги посетија и објектите во Мариово кои беа предмет на реконструкција со средства од ИПА проектот.

DSC_7135

„Најпрво ја посетија црквата Св.Димитрија во село Градешница, потоа куќата на Калеш Анѓа во село Старавина и на крајот го посетија мостот и воденицата во с.Зовиќ од чија уникатност и раскошна природна убавина беа воодушевени. Од она што имавме можност да го размениме ,мислам дека беа задоволни од она што го видоа и рекоа дека во Брисел ќе пренесат само позитивни импресии од нивниот престој во општина Новаци. “ рече градоначалникот Котевски.

На почетокот на месец октомври општина Новаци ќе го организира третиот координативен состанок помеѓу градоначалниците и проектните тимови на Новаци и Алмопиа со цел да се договорат последните активности кои треба да се имплементираат  до крајот на проектот „Жива историја,жива природа“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php