«

»

Sep 19

Се е подготвено за празнувањето на Мала Богородица во Новаци

DSC_2511

Викендов во преубавиот пелагониски манастир Рожденство на Пресвета Богородица во Новаци ќе се прослави по 24 ти пат големиот верски христијански празник мала Богородица.

Црковниот одбор се погрижи како и секоја година така и оваа да има богата културно ументичка програма за многубројните гости кои обично доаѓаат во дворот на манастирот.

„По 24 ти пат ние како црковен одбор сме подготвени да го одбележиме празникот Рожденство на Пресвета Богородица, кој ќе се одржуи во манастирот кој го носи името на претстојниот празник.По традиција како и во изминатите 23 години, се очекува голем број верници во очи празникот.Предвидените содржини ќе започнат на 20 септември околу 16 часот а на литургијата во 17 часот се очекува присуство на владиката Петар. “ вели Вељо Тантаров ,претседател на ЦО на Манастир Рожденаство на Пресвета Богородица во Новаци.

Минатата година за време на празник Мала Богородица, манастирот во Новаци го посетија околу 17 000 верници.

„Овој ден е голем ден за нашата општина затоа што постои традиција која години наназад се почитува, поточно од кога е изграден манастирот во Новаци.Секоја година се организира верска прослава но и народен собир во дворот на манастирот а се назначува и кум на прославата кој дава ручек за присутните верници.Од цркобвниот одбор велат дека догодина сакаат мене да ме назначат за домаќин односно општина Новаци и јас со задоволство тоа ќе го прифатам, бидејќи постојано го помагаме и одржуваме манастирот а минатата година дониравме средства за започнување со изградба на салата за свадби,крштевки и венчавки“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Салата ќе собира 500 лица и ќе биде на 2 нивоа.Во неа понатаму се планира да се оспособи просторија за изучување на веронаука.

Манастирот Рожденство на пресвета Богородица, изграден е на 1 км во близина на с.Новаци, десно од брегот на Црна Река. Во 2006 година беше изграден само храмот на манастирот кој е трокорабен  и претставува монументална христијанска градба со 8 кубиња покриени со бакарни плочи, измалтарен со бел малтер. Општина Новаци  редовно се грижи за одржувањето на манастирот која е една од најубавите градби во Пелагонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php