«

»

Sep 15

Петтиот поетски караван „Почувствувај ја Македонија“ во Паралово, Општина Новаци

10418880_680687065354205_4943169742034459354_n

Друштвото на писатели на Македонија и младинската организација „Почувствувај ја Македонија“ во соработка со општина Новаци и Културно иновативниот клуб во неделата го одржаа петтиот настан од поетскиот караван при проектот „Почувствувај ја Македонија со шестото сетило – срцето“.

„Општина Новаци и јас како прв човек на оваа локална самоуправа секогаш ќе ги поддржуваме ваквите и слични настани кои пред се значат промоција на општината. Причина повеќе е и хуманата мисија која ја шири и ја прави.Настанот претставува едно убаво и плодно дружење во ова историско место.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

По Дебар, Охрид, Прилеп и Штип, следува Новаци. Настанот се одржа на 14 септември, во манастирот „Св. Ѓорѓи“ – с. Паралово, со почеток во 12 часот.На овој настан, своја поезија читаа:Елизабета Јончиќ, Живко Новески,Весна Мундишевска, Радован П. Цветковски, Андрија Дојчиновски,Гордана Михаилова Бошнакоска, Кире Неделковски, Мирјана Стојановска,Панде Манојлов,Билјана Т. Димко, Зоран Пејкоски, Никола Илијовски и Милица Димитриовска Радевска.

Програма на овој настан беше збогатена со кратко предавање на тема „Св. Ѓорѓија и борбата со ламјата“на проф. др. Лидија Стојановиќ Лафазановска, Проф. Вера Стојчевска Антиќ направи осврт на животот и делото на Ѓорѓи Сугаре, Мите Грозданов изведе монодрама,хуманистот Живко Поповски – Цветин од Паралово испрати цветни  пораки за мир. Програмта беше збогатена и од млади таленти:апсолвентот Менде Мацанковски на факултетот по музичка уметност ја изведе „Ave Maria“, Ангела Јончиќ го изведе рециталот на великанот Петре М. Андреевски а музичкото дуо Signature составено од од Нина Милановиќ – виолина и Трајанчо Стојановски – гитара се претстави со свој перформанс.Исто така настанот беше збогатен со неколку  уметнички изложби.

Хуманитарната мисија на караванот продолжува понатаму. Собраните средства од книгите ќе бидат подарени на НОРА (Невладина Организација за Ревматизам и Артритис).

На овој настан се додели „Витез на Македонскиот пишан збор“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php