«

»

Sep 09

Заврши меѓународниот фудбалски турнир „Новаци ЛГ Куп 2014“

10659111_915083351852783_282613898423974967_o

Заврши Меѓународниот фудбалски турнир „Новаци ЛГ Куп“ 2014, на кој фудбалските вештини ги одмерија околу 600 млади фудбалери 2001-2005 генерација од пионерските клубови на Хрватска, Србија, Грција и Македонија.

На дводневниот меѓународент фудбалски турнир „Новаци ЛГ Куп 2014“ беа доделени следните награди:

-Во генерација 2001 за најдобар голман беше прогласен Петар Толески од Фер плеј Охрид, најдобар стрелец Дино Крстески од Перак Прилеп, најдобар играч Бобан Тасевски од ЛГ Битола. Четвртото место го освоија фудбалерите на Пас Флорина,Грција, трето место Фер Плеј од Охрид, второ место ЛГ Битола а првото место му припадна на Перак од Прилеп.

Во генерација 2002 за најдобар голман беше прогласен Михајлевиќ Јовица од ЛГ Битола, најдобар стрелец Фикри Дани од Караорман Струга, најдобар играч Марко Крстески од Перак од Прилеп. Четвртото место го освоија фудбалерите на ЛГ Битола, трето место Караорман Струга,второр место Еврофудбал од Охрид  а првото место му припадна на Перак од Прилеп.

Во генерација 2003 за најдобар голман беше прогласен Давид Даралиевски од Еден на еден од Могила, најдобар стрелец беше прогласен Бехар фета од Фортуна Скопје, најдобар играч Никола Митковски од Фер плеј Охрид. Четвртото место го освоија фудбалерите на ЛГ Битола, трето место Еден на еден од Могила, второ место Фер Плеј Охрид а првото место му припадна на Фортуна од Скопје.

Во генерација 2004 за најдобар голман беше прогласен Томи Силјановски од ЛГ Битола, најдобар стрелец Никола Талески од Прилеп, најдобар играч Дарко Николов од Академија Постолов Пандев од Штип. Четвртото место го освоија фудбалерите на Прилеп од Прилеп, трето место ЛГ Битола, второ место Перак од Прилеп, а првото место му припадна на Академија Постолов Пандев од Штип.

Во генерација 2005 за најдобар голман беше прогласен Ковчегарски Наумче Ковчегарски од ЛГ Битола, најдобар стрелец Стефан Џајковски од Фер плеј Охрид, најдобри играчи се прогласени Даниел Велинов од Академија П.Пандев од Штип и Мартин Ѓоргиевски од Фер плеј Охрид. Четвртото место го освоија фудбалерите на ГФК Неготино, трето место ЛГ Битола, второ место АкадемијаПостолов Пандев од Штип, а првото место му припадна на ФШ Фер плеј Охрид.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php