«

»

Sep 05

Голем турнир за млади фудбалери по повод Денот на независноста во Новаци

DSC_6020

Викендов општина Новаци ќе биде местото каде ќе се одржува меѓународниот фудбалски турнир „Новаци ЛГ Куп 2014“ за млади фудбалери родени во генерациите 2001-2005 година. Станува збор за дводневен спортски настан кој општина Новаци и градоначалникот Лазар Котевски традиционално веќе трета година по ред го организира по повод 8-ми септември Денот на Независноста на Република Македонија.

 

„Општина Новаци е голем поддржувач на спортските настани. На 6 и 7 септември, на фудбалските стадиони во Логоварди и Новаци ќе се одржи традиционалниот голем меѓународен фудбалски турнир за помлади пионери кој се одржува по трет пат.На турнирот ќе земат учество 600 млади фудбалери и 40 тренери од 40 фудбалски екипи од Македонија,Србија,Хрватска и Грција.Ова е трета година по ред како го одржуваме овој спортски спектакл по повод државниот празник и ќе продолжиме и понатаму.“ рече градоначалникот Котевски.
Свеченото отварање на турнирот е закажано за в сабота, 6 септември во 12:30 часот на стадионот на ФК Новаци во Новаци, додека затворањето на турнирот, кога ќе бидат доделени и наградите за најдобрите ќе се одржи в недела, на 7 септември на стадионот во Новаци.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php