«

»

Sep 01

Градоначалникот Котевски им посака добредојде на првачињата и успешен почеток на школската година

DSC_7020

38 првачиња денеска за прв пат влегоа во училишните клупи во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци.Градоначалникот Лазар Котевски заедно со директорката на училиштето Ана Котевска Велјановска и советничката за образование Мирјана Хаџиевска денеска ги дочекаа и им посакаа топло добредојде и успешен старт на учебната година.

“Многу ме радува фактот што годинава имаме 38 првачиња од кои 16 во Новаци. На ниво на општината  бројката на ученици во ЦОУ Славко Лумбарковски се зголеми за 30 тина нови ученици.Наставата ќе се одвива во 8 подрачни училишта од прво до деветто одделение.Се е во ред , нема никакви финансиски  или друг вид на проблеми,преземени се сите мерки кои се потребни за непречено одвивање на наставниот процес.“ рече градоначалникот Котевски.

Образовниот процес започна и во центрите за ран детски развој во Новаци,Живојно,Горно Агларци и Добромири каде се згрижени околу 50 тина дечиња на претшколска возраст.

Новата учебна 2014/2015 година започнува за 280 илјади основци и средношколци. Од нив, 20илјади првачиња прв пат ќе седнат во училишните клупи. Учебната година започнува со новини за учениците од прво до трето оделение, а од Министерството за образование велат дека се обезбедени сите услови учебната година непречено да започне во сите училишта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php