Monthly Archive: September 2014

Sep 29

Српска делегација во Новаци

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски викендов беше домаќин на висока српска делегација предводена од српскиот конзул Силјан Мицевски.На средбата делегацијата беше запознаена со основните карактеристики на општината а беа договорени и насоките за понатамошно делување и соработка особено во делот на заштитата на културно историското наследство од Првата светска војна.

Sep 26

Регионални денови на културата во Новаци

Во салата за приредби во општина Новаци,учениците од ЦОУ „Даме Груев“ од Битола ја одиграа претставата „Чорбаџи Теодос“ во рамките на регионалните денови на културата.Оваа манифестација се одржува трета година по ред во организација на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во кој се вклучени деветте општини од регионот и нивните центри за култура …

Continue reading »

Sep 25

Ќе се гради систем за наводнување во општина Новаци

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ ќе интервенира со 80 милиони денари за изградба,обнова и рехабилитација  на системи за наводнување во Пелагонија .Таков модерен систем ќе добие и општина Новаци благодарение на визијата и менаџирањето на градоначалникот Лазар Котевски кој идејата ја претвори во акција .

Sep 25

Монитори од Брисел во општина Новаци

Во рамките на имплементацијата на ИПА проектот за заштита на културно-историското наследство во општина Новаци „Жива историја,жива природа“,градоначалникот Лазар Котевски и проектниот тим беа домаќини на два независни монитоти од Брисел, г-ѓа Рафаела Паломбела од Италија и г-ѓа Симона Нанеску од Романија.

Sep 19

Се е подготвено за празнувањето на Мала Богородица во Новаци

Викендов во преубавиот пелагониски манастир Рожденство на Пресвета Богородица во Новаци ќе се прослави по 24 ти пат големиот верски христијански празник мала Богородица.

Sep 17

Јавен повик за таксисти за изучување на Англиски јазик

Почитувани жители, Подолу ги имате јавниот повик за пријавување на такси возачи вработени во правни лица лиценцирани за такси дејност од општините во Република Македонија за посетување на обука за изучување на англиски јазик како и пријавата за пријавување на такси возачи вработени во правни лица лиценцирани за такси дејност од општините во Република Македонија, …

Continue reading »

Sep 15

Петтиот поетски караван „Почувствувај ја Македонија“ во Паралово, Општина Новаци

Друштвото на писатели на Македонија и младинската организација „Почувствувај ја Македонија“ во соработка со општина Новаци и Културно иновативниот клуб во неделата го одржаа петтиот настан од поетскиот караван при проектот „Почувствувај ја Македонија со шестото сетило – срцето“.

Sep 09

Заврши меѓународниот фудбалски турнир „Новаци ЛГ Куп 2014“

Заврши Меѓународниот фудбалски турнир „Новаци ЛГ Куп“ 2014, на кој фудбалските вештини ги одмерија околу 600 млади фудбалери 2001-2005 генерација од пионерските клубови на Хрватска, Србија, Грција и Македонија.

Sep 05

Голем турнир за млади фудбалери по повод Денот на независноста во Новаци

Викендов општина Новаци ќе биде местото каде ќе се одржува меѓународниот фудбалски турнир „Новаци ЛГ Куп 2014“ за млади фудбалери родени во генерациите 2001-2005 година. Станува збор за дводневен спортски настан кој општина Новаци и градоначалникот Лазар Котевски традиционално веќе трета година по ред го организира по повод 8-ми септември Денот на Независноста на Република …

Continue reading »

Sep 04

Заврши македонско-грчката уметничка програма во рамките на проектот „Жива историја,жива природа“

Делегација од општина Новаци предводена од градоначалникот Лазар Котевски присуствуваше на изложбата на дела создадени на ликовната колонија во Аридеја,Грција на која присуствуваа 6 уметници од Македонија.На грчаката му претходеше иста ваква активност во Новаци која заврши со изложба во Магазата.

Older posts «

css.php