«

»

Aug 29

Македонска Етно венчавка во општина Новаци

1519409_828230253867541_3429950821285095870_o

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски годинава е генерален покровител и кум на младоженците на петтата по ред традиционална Македонска етно венчавка.

 

Тридневната венчавка започна во дворот на општината со традиционалните обичаи:месење на сваќа (тесто погача),плетење на венци од цвеќе, китење на бајрак,торби и картата за вино.

 

„Оваа е традиоционална етно венчавка и мислам дека на овој начин ги обновуваме корените кои се во заборав, посветуваме внимание на традицијата. Досега се организираше во Битола, а годинава како репризно издание ја правиме и во општина Новаци. Сите оние кои сакаат во ваков традиционален стил да се венчаат или оние кои од разни политички причини во времето на комунизмот не се венчале, сега тоа можат да го направат  “ вели д-р Борис Анѓелков од Здружението Етно Илинден.

 

Целата поворка со традиционално накитената чеза се упати во домот на кумот градоначалникот Котевски а потоа и деверот Зоран Анѓелевски со цел да го канат за на свадба .

 

„Убаво е што оваа година јас сум кум. Мислам дека Новаци е идеално место за една ваква венчавка. Имаме места во општината каде се уште не се заборавила традиционалната македонска свадба” вели Лазар Котевски градоначалник на Новаци.

 

Вториот ден според програмата целот село се канеше за на свадба  а третиот ден започна со македонскиот адет „забрикување на зетот“ и земање на невестата од домот на домаќинката Славица Цветковска. Христијанската венчавка на парот се одржа во црквата Св.Атанасиј во Новаци.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php