«

»

Aug 26

Почесниот конзул на Австрија во Новаци

DSC_5509

Продолжува богатата и плодна меѓународна соработка на општина Новаци.Градоначалникот Лазар Котевски денеска оствари средба со почесниот конзул на Австрија во Република Македонија , д-р Илиева Валентина. „Ова е наша прва средба со цел да се запознаеме, да ја претставиме нашата мисија.Јас ја запознав конзулката со општина Новаци, ресурсите и убавините со кои располагаме па во иднина можеби и ќе се збратимиме сос родна општина од Австрија. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци. Д-р Валентина Илиева е назначена за почесен конзул на почетокот на оваа година и досега остварила средба само со една од вкупно 12 –те за кои е надлежна. „На почетокот на месец мај го посетив градоначалникот на Битола, авчера бев во Могила а денес сум во Ноавци така да планирам за скоро време да ги посетам сите општини за кои сум надлежна. Од нашата денешна посета за запознавање во иднина ќе се роди плодна соработка а секако дека ќе настојувам да најдам општина во Австрија со која општина Ноавци ќе се збратими.Исто така планирам да се оствари некоја бизнис релација, аплицирање за проекти и слично. “ рече д-р Валентина Илиева, почесен конзул на Австрија. Целта на средбата беше меѓусебно запознавање и одредување на можностите и целите за идна соработка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php