«

»

Aug 22

Се асфалтираат улици и патишта во општина Новаци

DSC_4346

Асфалтирањето  на локални улици и патишта на територијата на општина Новаци е во полн ек.Опфатени се повеќе населени места: Новаци, Бач, Гермијан, Живојно, Гнеотино, Рибарци, Добровени, Маково и др.Средствата кои се користат за таа намена се од Буџетот на општината како и од Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој.

„Денеска асфалтираме локална улица во с.Новаци во должина од 500 метри со средства од Буџет на општина Новаци, а претходно беа асфалтирани 300 метри во Брод. Годинава од буџетот на општината се издвоени парични средства за асфалтирање на 2,5 км локални патишта, додега од Агенцијата имаме доделено средства за асфалтирање на 1 км улици и 3 км патишта.Досега се асфалтирани 200 м. во Бач,400 м во Новаци и 400 м во Маково.Завршено е асфалтирањето на патот од Живојно до манастирот Св.Илија во должина од 700 метри. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Деновиве се асфалтира патот Гнеотино-Брод во должина од 3 км со средства од Агенцијата за финансиска поддршка на руралните подрачја

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php