«

»

Aug 21

Изложени делата од македонско-грчката колонија

01

Триесеттината дела кои беа создадени во текот на 15 дневата македонско-грчка ликовна колонија беа претставени пред јавноста на изложба во Битолската Магаза.Уметничката програма е дел имплементирањето на проектот за заштита на културно историско наследство „Жива историја,жива природа“ од ИПА Програмата за прекугранична соработка Македонија-Грција 2007-2013.

„Денес во Магазата се изложени делата на 8-те македонски и 6-те грчки уметници кои 15 дена твореа во Мариово. 14 уметници од повеќе профили, преку своите дела ги облагородија убавините и културното богатство на Мариово. Кон крајот на август наши 6 уметници од Новаци ќе заминат на 10 дневна ликовна колонија во Алмопија, која исто така ќе заврши со изложба“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

На отворањето на изложбата покрај градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски присуствуваше и градоначалникот на Алмопија, Пасоис Димитриос.

„Овој проект ќе продолжи и понатаму да се рализира а ќе опфаќа изградба на плоштад во селото Аетохори, потоа обнова на една византиска црква, обнова на мост во Аетохори и возобновување на бањите во Пожарско Лутраки. “ рече Димитри Пасоис,градоначалник на општина Алмопиа.
30

Учесниците на колонијата беа воодушевени од прекрасната природа,  големиот број стари цркви и манастири кои се наоѓаат натериторијата на општина Новаци, како и од бројните културно историски споменици.

„Јас ја насликав иконата на Св.Богородица за која се инспирирав при посетата на  црквата „Свети Никола Чудотворец” во Градешница од која навистина се воодушевив“ речеЗои Палиу, иконограф од Алмопија.

Целта на ликовната колонија е воспоставување меѓусебна соработка на двата партнери во проектот со што ќе се постигне меѓуграничниот ефект. Ликовната колонија во која заедно твореа македонски и грчки уметници е дел од проектот “Жива историја, жива природа”, кој Општина Новаци го реализира со Општина Алмопиjа, во рамките на ИПА програмата за прекугранична соработка.

Овој проект треба да претставува еден од начините со кои во Општина Новаци треба да се привлекуваат што поголем број туристи, како домашни, така и од странство.

„Во секој случај, на тоа се работи, да го афирмираме, реконструираме и зачуваме тоа културно богатство и да се создадат подобри услови за престој на туристите“ потенцираше Котевски.

Во рамките на имплеметацијата на проектот „Жива историја,жива оприрода“ досега се реставрирани куќата на Калеш Анѓа во село Старавина, мостот и воденицата во село Зовиќ и црквата Св. Димитрија во Градешница, а се работи на обележувањето на природната,историската и комбинираната туристичка патека.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php