«

»

Aug 20

ЈАВЕН ПОВИК

ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ КОИ РАБОТАТ КАКО ТАКСИ ВОЗАЧИ ВО ПРАВНИ ЛИЦА ЛИЦЕНЦИРАНИ ОД  ОПШТИНА  НОВАЦИ  ЗА ОВАА ДЕЈНОСТ, ЗА ПОСЕТУВАЊЕ НА ОБУКА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДЕН СЕРТИФИКАТ ЗА ПОЗНАВАЊЕ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК

 

Според измената и дополнувањето на Законот за превоз во патниот сообраќај (,,Службен весник  на РМ ”со бр.68/04,127/06,114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13 и 187/13), каде се менува членот 8 став 1 точка 4, потребно е такси возчите да поседуваат меѓународен сертификат за познавање на англиски јазик на ниво А1 или А2 според Заедничката европска референтна рамка за јазици ( CEFR ) на Советот на Европа.

Поради тоа Општина Новацисо цел да им помогне на такси возачите ќе организира посетување на обука за полагање на испитот за добивање на меѓународен сертификат за познавање на англиски јазик на ниво А1, за кандидатите кои работат како такси возачи во правни лица лиценцирани од Општина Новаци за оваа дејност, при што трошоците за оваа обука ќе ги сноси  општина Новаци.

1.1.  Предмет на јавниот повик е пријавување на заинтересирани кандидати кои работат како такси возачи во правни лица лиценцирани од Општина  Новаци  за оваа дејност, за посетување на обука за полагање на испит за добивање на меѓународен сертификат за познавање на англиски јазик на ниво А1 според Заедничката европска референтна рамка за јазици ( CEFR ) на Советот на Европа.

1.2. Обуката за полагање на испит за добивање на меѓународен сертификат за познавање на англиски јазик опфаќа посетување на предавањекое ќе го вршат професори по Англиски јазик.

1.3. Обуката ќе содржи 80 часови односно 40 блок часови, за ниво А1

1.4. За заинтересираните пријавени кандидати во дадениот рок со овој Јавен повик, трошоците за обука ќе бидат преземени од страна на  Општина Новаци.

 

 

 

 

 

  1. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани кандидати кои работат како такси возачи во правни лица лиценцирани од  Општина  Новаци за оваа дејност,  кои ги исполнуваат следниве услови :

– лицата да не бидат постари од 62 години

– да се вработени како такси возачи.

 

  1. НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВА

3.1. Заинтересираните кандидати кои работат како такси возачи во правни лица лиценцирани од  Општина  Новаци за оваа дејност, за посетување на обуката за полагање на испитот за добивање на меѓународен сертификат за познавање на англиски јазик поднесуваат пријава до Архивата на Општина Новаци.

3.2. Пријава за заинтересираност за посетување на оваа обука може да се подигне во Архивата на  Општина  Новаци.

  1. 3. Кон пријавата се доставува следнава документација:

– копија од лична карта

– копија од М1/М2 образец за лицето што се пријавува.

 

4. РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

4.1. Пријавите можат да се достават во рок од 30 дена од денот на објавувањето на огласот.

4.2.Пријавите се доставуваат директно во Архивата на  Општина  Новаци.

 

5. НАПОМЕНА :

– Со обука ке се отпочне во наредните месеци при што сите пријавени кандидати поединечно ќе бидат известени.

– Кандидатите кои нема да се пријават на Јавниот повик до рокот предвиден за пријавување, немаат право да ја посетуваат обуката организирана од страна на општина Новаци односно подготовките за испитот ќе биде на нивни трошок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php