«

»

Aug 19

„Duo nuovo“ со концерт на Културно лето Новаци 2014

10628826_336053479888155_5409335933523916418_o

На една недела пред официјалниот крај на Културно лето Новаци 2014 ,викедов се одржа концерт на сериозна музика во салата за приредби во Општина Новаци.

 

Изведбата беше на „Duo nuovo “ во состав м-р Марија Шамовска Буџаковски – пијано и Андријана Дукоска – виолончело.

 

 

10556933_336053576554812_8966530679887759077_o

Љубителите на класичната музика имаа можност да уживаат  во специјално изготвените аранжмани за овие музички инструменти  од Лудвиг Ван Бетовен, Јоханес,Брамс,Александар Глазунов, Консуело Веласкез и други познати композитори.

Градоначалникот Котевски кој е главен покровител на оваа културна манифестација со својата сопруга присуствуваше на концертот .

Публиката со долготрајни аплаузи ја поздрав изведбата и побара од локалната самоуправа концертот на класична музика да прерасне во традиција во културните лета кои понатаму ќе следат.

Културно лето Новаци 2014 е во организација на КИК Новаци.Официјалното затворање е закажано за  24 август со почеток во 20:30 часот со   концерт на етно составот Љубојна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php