«

»

Aug 19

Советот на општина Новаци ја одржа 22-та седница

DSC_5689

Нема летен одмор за новачките советници. Со дваесеттина точки на дневен ред ја одржаа дваесет и втората седница од нивното именување.Сите точки беа разгледани и усвоени.

На самиот почеток се усвои запиосникот за претходната седница.Потоа се донесоа неколку предлог одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти  во идна урбанистичка планска документација.Советниците ја усвоија и предлог програмата за изработка на општи акти на територијата на општина Новаци за 2014 година.

Одобрени се 500 литри нафта  и 100 литри бензин на ЈП Македонски шуми Кајмакчалан Битола за рамнење на локален пат с.Градешница до манастирот Св.Илија –Брен.

На Здружението Центар за едукација и негување на традицијата и фолклорот Етно Илинден доделени му се финансиски средства за организирање на традиционалната манифестација „Македонска етно венчавка“.

На Здружението на пензионери од Новаци им се доделени финансиски средства за автобуски превоз до Корча,Албанија.

Советниците не го заборавија ниту спортот и спортските активности.Така на ФК НОваци 2005 му доделија средства за натпреварување вом есенскиот дел од сезоната 2014/2015 година како и за организирање на третиот по ред меѓународен фудбалски турнир „Новаци ЛГ куп “ за пионери.

Советот на општина Новаци донесе одлука ЈКП Комунална Хигиена Новаци да стопанисува со локалните водоводи во селата:Бач,Живојно и Брод.

Дополнително советниците разгледаа и одобрија неколку барања за финансиски средства од Здруженија на граѓани,физички лица и предлог одлуки.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php