«

»

Aug 18

Хепенинг на народни песни и ора од Македонија и Хрватска

DSC_2768

Ансамблот за фолклор Плетенка од Битола, КУД Новаци и Културно уметничкото друштво од општина Лудбрег,Хрватска направија вистински хепенинг на народни песни,танци и ора од Македонија и Хрватска.Настанот беше масовно посетен а се одржа во дворот на општина Новаци.

„Навистина е прекрасно да се видат танци и ора на две различни култури,македонската и хрватската.Исто беа изведени и неколку изворни хрватски песни.КУД Новаци има богато искуство и соработка со многу културно ументички друштва а еве денеска наши гости се од КУД Лудбрег Хрватска како и нивниот градоначалник.Нашата локална самоуправа го поддржува овој настан а и понатаму ќе ги помага ваквите и слични збиднувања“ рече градоначалникот на општина Новаци,Лазар Котевски.

Викендов во Новаци имаше богата културно уметничка програма.Синоќа пред фонтаната на дедо Кољо Добровенски во општинскиот двор се одржа концерт на сериозна музика со настап на м-р Марија Шамовска Буџаковски клавир и  Андријана Дуковска виолончело.Настанот се организира во рамките на Културно лето Новаци 2014.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php