«

»

Aug 15

Прва средба на градоначалниците на Новаци и Лудбрег,Хрватска

DSC_3370

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски е домаќин на делегација од Хрватска предводена од градоначалникот на општина Лудбрег г-динот Дубравко Билиќ.На средбата присутвуваа  Бранко Маретиќ, Златко Стојчевски од Ансамблот за фолклор „Плетенка“ од Битола и Благој од КУД Новаци.

„Ова е наша прва средба на која ќе се запознаеме меѓусебно, ќе ги претставиме нашите карактеристики, ќе ги утврдиме можностите  и полињата за соработка и размена на искуства.Подетално ќе го договриме концертот кој утре треба да се одржи во дворот на општинската зграда на која со неколку танци ќе настапи хрватското друштво а потоа ќе настапи играорната група КУД Новаци.Ова е наша прва соработка која понатаму ќе се развива и продлабочува. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

На средбата присуствуваа и претставник од  Ансамблот за фолклор Плетенка Битола и КУД Новаци со цел детално договарање на претстоечкиот концерт на народни песни и ора кој ќе се одржи на 16 август со почеток во 20 часот во дворот на општина Новаци.

DSC_3362

„Хрватска и Македонија соработуваат на многу полиња, таква ќе биде соработката помеѓу нашите две општини. Покрај културната соработка ние понатаму ќе соработуваме и на полето на ЛАГ-овите затоа што градоначалникот ме информира дека во општина Новаци е седиштето на еден ЛАГ.Ние преку овие здруженија имаме направено многу инфраструктурно проекти за доброот на граѓаните како на пример патишта, водоводи,канализации и сл. “ рече Дубравко Билиќ,градоначалник на Лудбрег,Хрватска.

На средбата присуствуваа и претставник од  Ансамблот за фолклор Плетенка Битола и КУД Новаци со цел детално договарање на претстоечкиот концерт на народни песни и ора кој ќе се одржи на 16 август со почеток во 20 часот во дворот на општина Новаци.

Ова не е прва средба со општински функционери од Хрватска.Општина Новаци е веќе збратимена со хрватската приморкса општина Дуги Рат чиј градоначалник во два наврати беше во посета на Новаци.Оваа година градоначалникот Котевски планира да оствари возвратна посета на неговиот колега Јерко Роглиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php