«

»

Aug 15

На голем верски собир во с. Гнеотино се слави Св.Стефан

IMG_4140

Како и секоја година така и оваа црковниот одбор на манастирот Св.Стефан во Гнеотино се потруди на овој ден посветен на истоимениот светец да приреди голема народна веселба со македонски песни на која присуствувааа многубројни верници,мештани и иселеници .

Народната веселба беше збогатена со присуството на градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски кој многу придонесе за развој на овие краишта и за изградба на манастирот.Исто така градоначалникот Котевски е еден од главните покровители на оваа верска веселба.

Со погача со паричка беше избран кумот на прославата за догодина со што се продолжува една стара македонска традиција .

Маченикот свети Стефан, е првиот маченик кој ја пролеа својата крв за Исус Христос.Тој бил Евреин роден во странство, кој живеел во Ерусалим .На црквата му се придружил многу млад.

Свети Стефан бил еден од седумте ѓакони назначени од апостолите да се грижат за старите жени, вдовиците и сирачињата. Поради залагањето за христијанството бил осуден на смрт со каменување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php