«

»

Aug 13

Село Добровени доби нов асфалт

MAJA_DOBROVENI_ASFALT_001

Селото Добровени, кое се наоѓа во Општина Новаци денес доби асфалт. Асфалтирањето во ова село е дел од програмата на општината која предвидува 2,5 километри улици низ територијата на целата општина.

„За прв пат после толку години тураме асфалт во зелото каде живеат овие жители.Јас секогаш велат дека овие жители имаат многу мали барања и работите кои ги бараат им се навистина потребни. Одиме кон развивање на ваквите села Сакаме да ги привлечиме нашите иселеници да се вратат.Токму затоа покрај асфалтирањето донесовме и нов водоводен систем.Имаме мал проблем со струјата со напонот но понатаму и него ќе го решиме.“ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Жителите на селото задоволни,велат ова село порано било најразвиено, но заради недоволно основни услови за живот многу жители се иселиле. Но сега сликата се менувала. Асфалтирањето на овие улици значи многу за нив и за нивниот секојдневен живот и нивното нормално функционирање.

-Ова за нас ќе значи многу, ќе можеме да одиме по вода по асфалтиран пат а не како досега со чизми во зима заради неисчистениот пат.Ние тука ќе направиме и продавница имаме зграда каде ќе ја оптвориме. Многу му сме благодарни на градоначалникот за се што прави за нашето село, за неговото ревитализирање и подобрувањето на основните услови за живот“, велат жителите на село Добровени.

Во селото сега има повеќе повратници, вкупно 34 жители, но само 9 од нив се со лична карта односно со постајано место на живеење во Добровени.

„Со повратниците ќе заживее селото.Сега имаме многу жители кои се вратија назад. Имаме засадени нови површини каде е спроведен системот капка по капка, имаме луѓе од Скопје и Битола, имаме 9 пчелари, 5 сточари“ велат жителите на Добровени.

Пред Добровени се асфалтираше во Гермијан, Бач и Живојно, а ќе се продолжи кон низинскио дел. Жителите велат дека ова е само почеток од она што во иднина ќе стане Добровени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php