«

»

Aug 13

Македонско-грчка ликовна колонија во општина Новаци

DSC_3191

14 ликовни уметници,осум од македонија и осум од Грција, професионални фотографи, иконографи и други уметнички прифили, 10 дена ќе творат во општина Новаци на ликовната колонија која се организира во рамките на ИПА проектот за заштита на културно-историско наследство „ Жива историја,жива природа“.

„Овие 14 ументици во месец јули беа 5 дена и беа во обиколка на куклтурно-историското наследство со кое располага општина Новаци во Мариово, а овие 10 дена колку што ќе бидат тука ќе ги создаваат своите дела за кои беа инспирирани претходно.Соработуваме на културно ниво, нашите и нивните уметници разменуваат искуства и пред се се дружат.Оваа работилница ќе биде крунисана со изложба на создадените дела на македонските и грчките уметници на 20 август.Потоа на крајот на август наши 6 уметници ќе заминат на 1о денавна ликовна колонија во Аридеја која исто така ќе заврши со изложба“ рече градоначалникот Лазар Котевски.

Ова е втор пат како грчките ументици престојуваат во општина Новаци.

„Ми се допаѓа старата архитектура во Мариово и моето дело ќе бвиде инспирирано токму од тоа. Сакам да запознаеме што повеќе луѓе, да стекнеме повеќе искуство,да видиме што е можно повеќе,воодушевени сме од околината која ја видовме во Мариово и многу сме задоволни од приемот и од љубезноста.“ рече Деспина Стефанидис, архитект,уметник од Аридеа,Грција.

„Восхитен сум од местото Новаци, учесник сум во овој проект, ми се допаѓа целата околина на Новаци, пред се дивата околина која ја посетивме во рамките на петдневната работилница во јули во регионот на Мариово.И покрај тоа што нема многу жители станува збор за преубави села со природна убавина    “ рече Трендафилос Ваитсис ,уметник од Ксанти,Грција.

Целта на ликовната колонија е меѓусебна соработка на двата партнери во проектот со што ќе се постигне меѓуграничниот ефект. Ликовната колонија во која заедно творат македонски и грчки уметници е дел од проектот Жива историја жива природа, кој Општина Новаци го реализира со Општина Алмопиа, во рамките на ИПА програмата за прекугранична соработка. Во рамките на истиот проект, досега се реставрирани куќата на Калеш Анѓа во с. Старавина, мостот и воденицата во с. Зовиќ и црквата Св. Димитрија во с.Градешница. До крајот на месецот треба да заврши и обележувањето на природна, историска и комбинирана патека од двете страни на границата, по чија должина ќе бидат уредени и неколку излетнички места.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php