«

»

Aug 11

Богата културна програма викендов во Новаци

5

Викендов во Новаци имаше богата културно уметничка програма во рамките на Културно лето Новаци 2014 во организација на Културно иновативниот клуб а како главен покровител на настанот се јавува општина Новаци.

„Еден од настаните кои се организираат викендов во рамките на културното лето е концертот на пензионерскот хор Сирма војвода.Настанот е организиран во преубавиот манастир Паралово кој е еден од најстарите во овој крај со специфично обележје и историја. Посетителите кои не беа во мал број имаа можност да уживаат во песната,орото,,прекрасните звуци на македонската народна песна и убавините на ова благословено место.“ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

10473056_331343673692469_1951668179078893915_n

Викендов новачани беа весело насмеани со шегите на стенд ап комедистот Марјан Ѓеоргиевски.Реновираната сала во општината беше претесна за да ги собере сите присутни.

„Шоуменот Марјан Георгиевски се претстави во одлично светло на синоќешното стенд ап шоу во Новаци.Со организирањето на вакви и слични настани Општина Новаци уште еднаш ја докажува својата определба да им овозможи на сите свои граѓани едно поинакво искуство поставувајќи нови, повисоки стандарди во културниот живот.“ рече Елизабета Јончиќ,КИК Новаци.

Културното лето Новаци 2014 ќе трае до крајот на овој месец.Во сабота на 16 август со почеток во 20 часот во дворот на општината ќе се одржи културно уметничка смотра на КУД Новаци, Ансамблот за фолклор Плетенка од Битола и гостите од Хрватска КУД од Лудбрег.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php