«

»

Aug 05

Мозаици на македонските револуционери од илинденскиот период

DSC_2535

73 годишниот Борис Илиоски од Новаци веќе  40 години се занимава со изработка на мозаици. По професија е пензиониран  ликовен педагог а сега своите пензионерскид енови ги по минува во родното Новаци изработувајќи мозаици воглавно инспирирани од илинденскиот период..Пет години, камче по камче, во една целина на епската слика, ги редел ликовите на Гоце Делчев, Даме Груев и останатите македонски херои, исполнувајќи си ја големата мисла за родљубието, со која бил задоен од најрана возраст.

„Книга излегуваше за илинденското востание, за ВМРО, за ТМРО, и некако тоа ми привлече големо внимание и интерес за тие работи дасе претстават, поготово ликот на Гоце Делчев. Пет години работев, збирав материјал камче по камче од цела Југославија. Повеќе од мермер и овие другите во боја“ рече Борис Илиоски.

 

Иако, мозаиците биле изработени за Македониумот во Крушево, некако не стасале таму. Доживеале само една изложба во Прилеп, а потоа, заборавени и препуштени на забот на времето, чмаат во селското двориште во Новаци. Сега, интерес пројави локалната власт.

 

Градоначалникот Котевски го поздрави неговото дело и вети дека општината ќе работи на поголема промоција и валоризација на неговото дело во интерес на развојот на алтернативниот туризам.

„Не знаевме дека имаме еден ваков способен уметник, анонимен и уникатен. Општината ќе се труди да го валоризира неговиот  труд и да ги обединиме сите ракотворци  “ рече градоначалникот Котевски.

Пензионерот Борис Илиоски, кој на младост завршил ликовна академија  во Белград, работел како наставник  по прилепските села, но сега деновите ги брои во родното Новаци окупиран со своето хоби. Скромниот ликовен творец, деновите најчесто ги минува во дворот, окупиран со спомените од младоста. А мозаиците се тука и се уште траат пред забот на времето, стрпливо чекајќи ја својата втора шанса.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php