«

»

Aug 01

Ќе се реконструира деловниот објект во Новаци

DSC_2448

Благодарение на Владата на Република Македонија  која во најкраток можен рок му го отстапи на трајно користење деловниот објект т.н Самопослуга кој се наоѓа во центарот на Новаци, општина Новаци започна со негова комплетна реконструкција.

„Станува збор за деловен објект на КП 2005/2 КО Новаци кој беше во сопственост на УЈП на РМ а благодарение на Владата на РМ експресно во најкраток можен рок ни беше отстапена на трајно користење со цел истата да биде реконструирана. Ова е еден објект кој се наоѓа во центарот на Новаци и е вистинска руина,односно остава неубав впечаток.Токму затоа сакавме да го реновираме и потоа да се издава како деловни објекти.Горниот дел ќе биде наменет за работни простории за невладиниот сектор од Новаци односно за  Културно иновативниот клуб ,МГА и КУД Новаци“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци,

Со основниот проект е планирано да се отстрани кровот, надворешните скали, постоечката фасада и внатрешна столарија и да се замени со нова, иградба на нов санитарен јазол, замена на водоводна и канализациона мрежа,спроведување на нова електрична инсталација.

Вредноста на реконструкцијата изнесува 5,8 милиони денари а средства се издвоени од Буџетот на општина Новаци.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php