«

»

Aug 01

Промоција на „Вдах“ од Борче Панов

DSC_2514

Синоќа во дворот на прекрасниот манастир „Рождество на Пресвета Богородица“ во Новаци во прекрасна атмосфера беше промовирана поетската книга „Вдах“ од Борче Панов од Радовиш. Промотори се Милица Димитриевска Радевскаи Елена Г. Костадиновиќ.

DSC_2499

„Ние како општина ги поддржуваме ваквите настани особено бидејќи се работи за рурална средина и вакви интерени содржини им се потребни на жителите. Годинава целосно го финансираме и поддржуваме Културно лето Новаци 2014 во организација на Културно иновативниот клуб Новаци, додека минатата година беше дел од Топл културен бран на Министерството за култура. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

 DSC_2511

„ Ова е само еден од многуте настани кои се планирани до крајот на овогодинешното Културно лето Новаци 2014  година а на моја голема радост годинава оваа културна манифестација ќе ја затвориме со концерт на групата Љубојна на 24 август со почеток во 20 часот токму на ова исто место манастирот Рожденство на Пресвета Богородица во Новаци “ рече Елизабета Јончиќ, од КИК Новаци.

 

Промоцијата на книгата е во рамки на Културното лето Новаци 2014.

 

Организатор на културната манифестација е КИК Новаци.„Вдах“ е во издание на „Матица“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php