«

»

Jul 31

15 дечиња од Бамби заминуваат во прво одделение

DSC_2437

Со музика и  журка, торта,колачи и доделување на пофалници беа испратени 15-те дечиња од Центарот за ран детски развој „Бамби“ од Новаци во идните нови образовни авантури во прво одделениеГрадоначалникот  Лазар Котевски лично им посака успех во понатамошното школување и им додели пофалници.

„Годинава испраќаме 15 дечиња од игротеката Бамби во прво одделение односно своето образование ќе го продолжат во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци. Многу сме задоволни од нивниот развој во игротеката особено од залагањето на образовниот персонал а посебна благодарност на родителите кои секој работен ден ги носеа децата во центарот.Ова е особено важно за нивниот ран детски развој и социјализацијата.  рече градоначалникот Котевски.

Дечињата се забавуваа, играа, правеа торта а потоа и се почастија со неа.

„Секоја година организираме ваква забава за дечињата кои ја напуштаат игротеката и продолжуваат во прво одделение. Со нивното заминување во игротеката моментално остануваат 10 тина деца но се очекуваат нови од септември.Бројката варира од месец во месец но отприлика се движи околу дваесеттина дечиња.“ вели едукаторот Николина Лозановска.

„Бамби“ успешно работи веќе 10 години.Започна како проект на УНИЦЕФ за потоа да продолжи да функционира под капата на општина Новаци. Градоначалникот Котевски најави дека веќе е започната постапката во МТСП на РМ за легализација на центарот , а преку програмата за општинско корисна работа,проект „Растеме и учиме заедно“ општина Новаци отвори три нови центри за ран детски развој во Добромири,Живојно и Горно Агларци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php