«

»

Jul 30

Бесплатни превентивни прегледи со Флуоробус во пензионерскиот клуб во Новаци

3

Жешкото и спарно време е причинител на разни здравствени тегоби во летниот период , па токму затоа општина Новаци во соработка со службата за итна медицинска помош од Битола организираше бесплатни здравствени прегледи за жителите.

„Екипа за  Итната медицинска помош од Битола им мереше шеќер во крвта, холестерол, крвен притисок,обем и ги советуваше како полесно да се справат со здравствените тегоби и високиот температурен бран .Ова е особено важно за населението од руралните средини и ќе биде уште покорисно ако се спроведува редовно.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Акцијата наиде на голем интерес а се организираше во просторијата на пензионерскиот клуб во Новаци.

Општина Новаци минатата година беше дел од  акција „ Здравје за сите “ на Министерството за здравство на РМ,при што беа опфатени околу 12 села.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php