«

»

Jul 24

Започна уметничката колонија во Мариово

3

Шест грчки и осум уметници  од нашата земја од различни бранши ја започнаа уметничката програма во Мариовскиот делкоја се организира во рамките на ИПА проектот за заштита на културно-историското наследство „Жива историја-Жива природа“.

Работилницата започна на 21 јули во Новаци, со организирање превоз за грчките уметници од Алмопиа, кои беа придружувани од градоначалникот на општина Алмопиа,Димитрис Пасоис и стручниот соработник на истоимената општина Никос Тсимас. По пристигнувањето и нивното сместување во хотел,на состанок во просториите на општина Новаци се запознаа со остатокот на групата уметници од нашата земја.

Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски им посака искрено добредојде, успешна работа на локациите во општината и успешна имлементација на програмата.

Градоначалникот на општина Алмопиа,Димитрис Пасоис посака успешна и плодна работа на работилницата во Новаци.

4

На ручекот му претходеше кратка презентација и опис на проектот, по што се догвори агендата и распоредот на места кои ќе се посетат за време на 5 дневната работилница:вториот ден се испланира посета на мостот и воденицата во Зовиќ, третиот ден – куќата на Калеш Анѓа во Старавина, тврдината Пешта и цркватаСв.Димитриј во Градешница, Градешка река и самото село Градешница,четвртиот ден ќе се посети Чебрен и село Будимирци, додека петтиот ден е последен и се планира да се посети општина Новаци каде сите уметници заеднички повторно ќе ги разменат своите искуства, ќе ги достават листите на материјали кои им се потребни за создавање на уметничките дела во текот на 10 дневната работилница која ќе се одржи од 10 до 20 август, ќе определат кое од локациите што ги посетија ќе ги овековачат во уметничко дело и сл.

Уметничката колонија во рамките на проектот „Жива историја,жива природа“ ќе трае вкупно 30 дена од кои 15 дена во општина Новаци а 15 дена во општина Алмопиа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php