«

»

Jul 21

Две театарски претстави во рамките на Културно лето Новаци 2014

10380211_320596448100525_537492139932079662_o

Продолжува да се реализира култуното лето Новаци 2014.Викендов богата понуда на културни настани.Имено на ново изграденото тениско игралиште во Добромири беше одиграна детската куклена претстава „Пепелашка“, што претставува еден вид обид за успешно децентрализирање на културните настануи и во останатите населени подрачја.

„Многу ме радува што и жителите на општина Новаци можат да уживаат во вакви културни настани кои до пред извесен период беа голема реткост, нешто што само можеа да го видат во урбаните средини. Викендов во организација на КУлтурно иновативниот клуб Новаци а во рамките на културното лето Новаци 2014 година ќе се одиграат две претстави една куклена инспирираа од бајката на Грим Пепелашка а другата е театарска претстава во изведба на реномираниот прилепски театар Војдан Чернодрински. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

10481642_808093015881265_5624299916410345407_o

Ова е прв пат во Новаци да гостува еден ваков театар кој пред големиот број жители во пациото на салата на општина Новаци ја изведе претставата „Од кол на кол“во режија на Коле Ангеловски.

10560329_808093125881254_6631724457030411956_o

Културно лето Новаци 2014 треба да заврши на 21 август со концерт на групата Љубојна во дворот на Манастирот Рожденство на Пресвета Богородица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php