«

»

Jul 18

21- ва седница на Советот на општина Новаци

DSC_5689

Нема летен одмор за советниците од општина Новаци. Тие денеска ја одржаа 21 –вата седница на која имаа дваесеттина точки на дневен ред.Сите документи претходно беа разгледани а точките беа усвоени.

Седницата започна со усвојување на записникот за претходната 20-тата седница, потоа продолжи со донесување одлука за усвојување на тромесечниот извештај за извршувањето на буџетот на општина Новаци за периодот 01.01 – 30.06.2014 година и усвојување на предлог одлуката за измена на распоредот на средствата на општинскиот буџет.

Советниците го усвоија годишниот извештај за работата на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ од Новаци за учебната 2013/2014 година.

На ФК Новаци 2005 му одобрија финансиски средства за такмичење во трета лига Југозапад.

Беа разгледани и усвоени неколку барања од жители, здруженија и месни заедници за: еднократна парична помош за дограма на куќа,за средства за печатење на зборник број 8 за одржаните Пелагониски –научни средби, автобуски превоз за пензионерите од општина Новаци до Скопје за посета на Музејот на македонската револуционерна борба за државност и самостојност,средства за набавка на градежни материјали за храмот Св.Воскресение во с.Далбеговци.

Беа разгледани и усвоени барања на жители за асфалтирање на улици со вкупна должина од половина километар во селата:Рибарци,Гнеотино и Новаци.

Беа одобрени барањата на жители за поставување на одводни цевки во с.Бач, бетонски цевки Ф-300 на регионалниот пат Рапеш-Старавина (10 цевки по 6 метри) и барање од група на граѓани за чистење и бетонирање на канал од Златен клас до сушарата за месо во Новаци.

Советот на општина Новаци формира одбор за свечено пуштање на објекти и организирање на манифестации а донесе и предлог одлука за измена и дополнување на одлука за реализација на финансиски трансфери до здруженија на граѓани,спортски,технички и научни друштва, наменски дотации за културно-уметнички манифестации и еднократна парична помош за физички лица и лица со посебни потреби.

Седницата на Советот на општина Новаци ја следеше претставник од граѓанската организација Женска граѓанска иницијатива „Клеа“ од Битола која е дел од проектот на ЕУ за мониторинг на буџетска транспарентност на локално ниво..

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php