«

»

Jul 17

Ќе се гради насип на река Елешка на вливот во река Црна

DSC_5677

Под координаторство на општина Новаци со заеднички сили Битолско поле,Центар за управување со кризи,РЕК,Македонски шуми, ЗК Пелагонија  и Стентон градба ќе започнат со изградба на насип на река Елешка на самиот влив во река Црна со цел заштита на земјоделски површини и пумпите од РЕК Битола.

„Започнуваме со изградба на насипот на почетокот на месец август и градежните работи треба да бидат завршени во рок од еден месец. Изградбата изнесува околу 50 илјади евра и ќе биде заедничка финансиска инвестиција на сите инволвирани страни.Изградбата на насипот е од голема важност како за земјоделските површини кои постојано се поплавуваа во проелтните емсеци од напливот на вода од топењето на снегот а претставуваа и оапсност за пумпите кои се тука поставени.Насипот беше пробиен и итно е потребна санација заради превенција и спречување на понатамошни поплави и големи штети“ рече градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

Општина Новаци често пати се соочува со поплави на нејзина територија.Последните кои ја зафатија беа минатата година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php